Почна мировниот самит за Украина, Фон дер Лајен против замрзнување на конфликтот

Урсула фон дер Лајен Фото: ЕПА

Во швајцарското одморалиште Бургеншток денеска почна мировниот самит за Украина, на чие отворање претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека замрзнувањето на конфликтот во Украина не е решение, туку рецепт за идни војни.

-Замрзнувањето на конфликтот денес, со окупирање на украинската земја од странски воени трупи, не е решение. Тоа е рецепт за идни војни. Наместо тоа, неопходно е да се поддржи сеопфатен, праведен и одржлив мир за Украина. Оној кој и го враќа суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина – рече Фон дер Лајен, пренесоа британските медиуми.

Самитот на кој присуствуваат околу 100 делегации почна без францускиот претседател Емануел Макрон, кој доцни, пренесуваат швајцарски медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот