Шолц: Не може да се постигне мир во Украина без вклучување на Русија

Зеленски и Шолц на конференцијата за Украина/ Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германскиот канцелар Олаф Шолц се изјасни за вклучување на Русија во мировниот процес за Украина, јави ДПА.

-Точно е дека мирот во Украина не може да се постигне без вклучување на Русија – нагласи Шолц на мировната конференција во Швајцарија што се одржува денеска.

Во исто време тој ја повика Русија целосно да се повлече од делумно окупирана Украина.

-Русија би можела да ја заврши оваа војна денеска или во секое време, доколку ги запре нападите и ги повлече своите трупи од Украина – додаде Шолц.

Повеќе од две години по рускиот напад на Украина, самитот на Бургеншток, планински гребен над езерото Луцерн, има за цел да ги истражи начините за постигнување мир во Украина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот