ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Симоновски: Во „Бистро комедија“ повторно „Skopje Street Food Festival“

Даниел Симоноски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Даниел Симоновски е коорганизатор на првиот фестивал „Burgerology“ кој дојде како инспирација од „Skopje Street Food Festival“.

За „Слободен печат“ вели дека скопјани го сакаат бургерот како најпозната брза храна. За најголем дел од нив велат дека тоа е најдобрата „улична“ храна. Фестивалот годинава ќе се одржи од 26 до 30 јуни во „Бистро комедија“.

– Нашите почетоци беа токму тука во „Бистро комедија“, сепак се работеше за настани и гостувања од помали размери. Започнавме со гостување на различни ресторани и бистроа од Скопје, нормално дополнување со музичка програма од наша страна-вели Симоновски.

Даниел Симоноски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тој објаснува дека претходната година „Street Food Festival“ помина навистина одлично.

– Бургерот како производ е на врвот односно на пиедесталот на самата улична храна. Така и дојде и се роди идејата да се организира и „Burgerology“ за прв пат на кровната цветна градина на ГТЦ-вели Симоновски.

Според него воопшто не добиле поддршка од самите институции, општини, градови.

– Ние, сепак, сè уште сме во добра и солидна соработка само со нашите партнери. Целиот наш фокус, како што споменавме, сега е насочен кон „Skopje Street Food Festival“. Се одржува повторно на паркингот на театар Комедија. Започнуваме на 26 јуни и ќе траеме 5 дена. Дојдете да ги пробате сите нај различни храни кои ги нуди градот Скопје и пошироко и се надевам дека сите заедно ќе уживаат-вели Симоновски.

Тој објаснува дека секоја светска метропола, така и нашиот главен град добива свој препознатлив фестивал на улична храна. Влезот е бесплатен, а како гости се најавени голем дел музички групи и диџеи и петнаесетина ресторани и бистроа.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот