Алтернатива: Орхан Муртезани предложен за министер за евроинтеграции

Фото: Aлтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование, а  Сафије Садики Шаини за заменик министерка за односи меѓу заедниците, информира Алтењрнатива.

На денешниот состанок на Централниот одбор на Алтернатива, Орхан Муртезани  беше предложен за кандидат за министер во Министерството за евроинтеграции. Тој е поранешен директор во МЕПСО, како и секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.

Љуљзим Алиу Алтернатива Фото: Алтернатива

-На средбата се разговараше и за кандидатот за заменик министер на Министерството за образование и наука и едногласно е одлучено за оваа позиција да биде предложен проф. др. Љуљзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошки факултет, поранешен заменик министер за образование и моментално секретар на Секретаријатот за стратешки прашања на Алтернатива -веелат од паријата.

Бидејќи Алтернатива ја презеде одговорноста и за заменик министер на Министерството за односи меѓу заедниците, Централното лидерство разговараше за ова и едногласно одлучи дека кандидатот на Алтернатива за оваа функција треба да биде Сафије Садики Шаини – универзитетска професорка.

Сафиије Садики Фото: Алтернатива

-На средбата се разговараше и за оставката на веќе поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Централното собрание треба да предложи одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на претседател на Алтернатива – велат од партијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот