ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Стравот дека Русија ќе удри по НАТО земја членка се зголемува

Проф. Методи Хаџи Јанев / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Фактот дека се заострува не само реториката туку и сериозноста на тоа да дојде до некаква си поголема ескалација, или да Русија евентуално удри по НАТО земја членка се доближува поради толкувањето на меѓународното право за војување кое засега давањето на оружје само по себе не ги става НАТО земјите членки како страна во судирот. Сепак фактот дека се најавува инструктори коишто би биле на теренот во Украина и лично би биле инволвирани во процесите на испорака на новите борбени системи чини тоа овие земји да бидат легитимна цел на Русија. Ова го истакна професорот Методи Хаџи Јанев во неговото гостување во емисијата на Слободен печат.

-Теоретски постои опасност дека Москва би можела да дејствува на пограничните места на Украина со НАТО земјите кога ќе бидат испорачани ново најавуваните борбени системи за Киев. Тоа според меѓународното воено право преставува легитимна цел за руската армија и е во согласност со планот за војување. Сепак, тоа ќе се одрази и во политичка смисла на двете страни и засега останува не јасно како во таква евентуална состојба би реагирало НАТО. Дали ќе се повлече или ќе одлучи и Алијансата да дејствува останува нејасно и неизвесно барем засега – посочува Хаџи Јанев.

Повеќе од интервјуто и темите на разговор со Хаџи Јанев можете да ги погледнете во видеото во продолжение.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот