Зеленски: На ултиматумот на Путин не може да му се верува

Зеленски, Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека условите што ги постави рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната се „ултиматум“ на кој не може да му се верува.

„Верувам дека Путин нема да ја запре својата воена офанзива дури и ако се исполнат неговите барања за прекин на огнот. Ова се ултимативни пораки кои не се разликуваат од пораките од минатото. Тоа е истото што некогаш го правеше Хитлер. Затоа не треба да веруваме во овие пораки“, изјави Зеленски за италијанскиот канал СкајТГ4 на маргините на Самитот на Г7, што се одржува во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација.

Се огласи и украинското Министерство за надворешни работи, кое зборовите на Путин ги нарече „апсурдни“ и нагласи дека рускиот претседател се обидува да ги измами светските сили и да ги поткопа вистинските мировни напори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот