Митко Јанчев останува градоначалник, се финализира списокот на министри

Митко Јанчев, ВМРО-ДПМНЕ, градоначалник на Кавадарци / Утрински брифинг

Митко Јанчев сепак останува градоначалник на Кавадарци и засега нема да биде дел од кабинетот на идниот премиер Христијан Мицкодки.

Тој во изјава за медиуми потврдил дека со мандатарот Христијан Мицкоски разговарал да биде дел од новата влада, но одлучиле да го истурка градоначалничкиот мандат.

-Во меѓусебен договор и координација со мандатарот Христијан Мицкоски, а  во интерес на партиските и на идните владини програми и визии, останувам да ја водам општина Кавадарци како градоначалник. Ова значи дека преку локалното делување, а во соработка со идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжам да ги подржувам сите активности, проекти и програми кои ќе донесат подобар стандард и кавалитет на живот – изјавил Јанчев.

Според информациите Јанчев бил во комбинација за министер за локална самоуправа.

Утревечер, по седниците на Извршниот и на Централниот партиски комитет, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги објави имињата на нивните членови во новата влада.

Како што неофицијално веќе е познато, во кабинетот на Мицкоски ќе бидат ангажирани потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ на клучните министерски позиции. Министер за одбрана ќе биде Владо Мисајаловски, за финансии Гордана Кочовска-Димитриевска, за внатрешни работи Панче Тошковски, за надворешни работи Тмчо Муцунски, а за транспорт и врски Александар Николоски кој ќе биде и вицерпемиер. Сања Божиновска ќе го води новото министерство за енергетика, за образование се предлага Весна Јаневска,  дигитализација Стефан Андоновски,  земјоделие Цветан Трипуновски, култура актерот Зоран Љутков, а во новото за млади и спорт, министер ќе биде Борко Ристовски. Од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Димовски од СПМ ќе биде министер без ресор задолжен за политички систем.

Од ЗНАМ вчера и официјално објавија дека Горан Минчев е планиран за министер за администрација, а Игор Филков за правда.

Алтернатива на Африм Гаши вечерва ги потврдува своите кадри во Владата. За министер за европски прашања се предлага Орхан Муртезани, иако претходно се лиферуваше името на ексминистерот Адмирим Алити.

Изет Меџити од Демократско движење ќе биде прв вицепремиер и министер за животна средина. Арбен Таравари е предлог  за министер за здравство.

БЕСА пак, уште пред два дена ги објави своите кадри Фатмир Лимани за социјална политика и Бесар Дурмиши.  Од „Вреди“  во фотељата за добро владеење ќе седне Арбен Фетаи, кој долги години живеел и работел во Белгија.

Владата според најавите треба да биде избрана следниот Викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот