ВИДЕОАНКЕТА | Дали школската година треба да заврши на 10 или на 17 јуни?
На 10 јуни заврши школската година, но само за средношколците. Сите кои посетуваат основно образование учебната година ќе ја завршат на 17 јуни. „Слободен печат“ ги праша родителите дали учебната година требаше да биде продолжена за сметка на пролетниот распустот кој го добија учениците за прв пат годинава?
Одговорите различни, за дел од нив решението е да се врати крајот на школската година на 10 јуни, но други немаат ништо против со продолжувањето на школската година.
Препорачано
– Самата сум наставничка и затоа мислам дека е оправдано. Материјалот треба да се обработи до крај- вели скопјанка.
За друга на овие жештини нема аргумент за продолжување на школската година.
-Не гледам зашто да не се продолжи. Премногу паника се дига. Сега било жешко, не знам уште што, за една недела нема ништо да се смени- вели скопјанец.
Мајка на основец пак го оправдува продолжувањето на школската година.
– Проблем е за чување за децата- вели таа.
Млад скопјанец вели дека нема валидна причина зашто да се продолжи школската година и тоа само за основците.
– Дали е оправдано децата да имаат скратени часови во жешкото време? Секако доколку немаат клима уреди- вели тој.
Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:


