Денеска сослушување на мајката која ја нападна професорката по биологија во ОУ „Јован Дукиќ“

32 годишната А.Р. кој физички ја нападна наставничката во ОУ „Јован Дукиќ“, денеска ќе биде изнесена на сослушување во обвинителството.

Уапсена е за кривичните дела малтретирање и тортура и загрозување на безбедноста откако вербално и физички ја нападнала наставничката по биологија и на која и биле констатирани повеќе полесни повреди.

Според нејзината изјава, на наставничката и е нарушено човечкото достоинство, а таа чувствува страв за својата безбедност, се наведува во соопштението и се додава дека случајот предизвикал вознемиреност и кај граѓаните, особено поради тоа што се случил во основно училиште.

Инцидентот се случил откако мајката дошла во училиштето и ја прашала професорката по биологија зошто нејзиниот син добил 2, иако тој имал просек 3, не знаејќи дека во просекот е вклучена и оценката од првото полугодие.

Наставничката по биологија ја повикала мајката во канцеларија, но насилството потоа ескалирало.

Мајката се заканувала дека ќе оди кај директорката. Меѓутоа, таа одеднаш се вратила ја повлекла наставничката за коса, ја соборила и ја удрилка со главата на подот, велејќи и дека никогаш нема да работи на друго место.

Вчера во знак на поддршка за наставниците беше организиран протест против насилството пред училиштето на кој учествуваа наставници, родители и ученици.

Нападот на наставникот во Основното училиште „Јован Дукиќ“ е втор ваков инцидент на воспитно-образовен работник во еден ден.

Непосредно пред тоа родители на ученик во училиштето „Свети Сава“ ја нападнале наставничката по враќањето од рекреативна настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот