(ВИДЕО) Голема експлозија во магацин со термобарични ракети во Шебекино јавуваат руските медиуми

Во градот Шебекино, Белгородската област на Руската Федерација, експлодираше муниција за тешкиот ракетен систем ТОС-1А Солнцепек.

Ова го објави рускиот „Телеграм“ канал Астра.

Се известува дека како резултат на овие експлозии загинале тројца руски војници.

Вечерта во четвртокот, на 13 јуни, во рускиот град Шебекино, кој се наоѓа во близина на границата со Украина, одекнаа силни експлозии и избувна силен пожар.

За експлозијата на периферијата на Шебекино со изјава се огласи и гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков, кој пријави штета врз 10 приватни домаќинства и еден автомобил.

Тој додаде дека наводно никој не е повреден во експлозијата и се утврдени причините за инцидентот.

„Телеграм“ каналот Астра денеска повикувајќи се на службите за итни случаи на рускиот регион, објави дека претходната ноќ во предградието Шебекино, експлодирала муниција за тешкиот пламенофрлачки систем „ТОС-1А Солнцепек“.

Засега не се познати причините за детонирање на муниција.

Русите активно го користат системот Солнцепек за напади врз лесни оклопни возила, жива сила, како и за уништување на утврдувања.

Украинската војска во неколку наврати уништувала и заробувала непријателски ТОС-1А и нивните транспортни и товарни возила.

Неодамна, украинските одбранбени сили извршија ракетен напад врз командниот пункт на руската 6-та комбинирана армија, кој се наоѓаше на територијата на рекреативниот центар кај селото Шебекино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот