Излезе „Културен печат“ број 235 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 235

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 235, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (15-16.6.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Игор Иванов, претседател на ДФРМ пред почетокот на шестото издание на „Златна рамка“: Филмот има улога на „знаменосец“

– разговор со младата стрип-авторка Гаја Смилевска: Стрипот ми дава можност да раскажам приказна

– на последната вечер на 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп беа доделени фестивалските награди

– заврши 23. издание на фестивалот на музиката на светот – ОФФест: Разнозвучие во урбан стил

– независниот издавач „Шарла Рекордс“ како издание број 100 во својата продукција го објави истоимениот албум на бендот „Карла Левински“

– редок и трогателен увид во човечката цена на конфликтот, жртвите и страдањата носи изложбата „Украина: Воено злосторство“

– Европското патувачко кино под отворено небо ќе биде загревање за фестивалот „Синедејс“ и ќе се одржи во Тетово, Крушево и Гевгелија

– графичкиот роман „Чанбара“ во издание на „Бункер“ е извонреден стрип со безвременска приказна

– македонската поетеса Ива Дамјановски беше претставена на поетскиот фестивал „Poetry International“ во Ротердам

– издавачката куќа „Илика“ ја објави книгата „Координати на болката“ на поетесата Александра Спасеска

– издавачката куќа „Артконект“ ја објави илустрираната книга за млади и возрасни „М како море“ од Јоана Консехо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот