ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Скерлев: Подобро 25 фунти за чип на миленикот, отколку 500 фунти казна

Жанета Скерлев/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Ако излезете надвор од границите на Македонија ретко во кој град ќе сретнете кучиња скитници, за разлика од странство кај нас секојдневие е во билтенот на МВР да читаме за зголемен број на луѓе нападнати од кучиња. Долгогодишниот проблем е поставен како теза, често низ медиумите се зборува за тоа дека конечно треба да се најде решение, но не се преземаат поконкретни мерки. Бројот на кучињата на улица „магично“ се зголемува преку ноќ. Со цел да направиме една споредба, но и да преземеме некоја добра идеја од странство за оваа тема поразговаравме со нашата дописничка од Лондон, Жанета Скерлев.

Во Лондон нема бездомни кучиња, вели во емисијата „Слободен печат“ колумнистката Скерлев. ако и прошетате подалеку низ цела Англија нема да сретнете пуштени кучиња на улица.

– Јас често шетам и не сѕм сретнала кучиња скитници. Најверојатно за тоа помогна законот од 2016 година кој беше донесен за сите кучиња да бидат чипирани со микрочип. Тоа значи дека по автоматизам се знаат сопственици на кучиња, и ако, на некој му текне да оди, на пример, на планина или ндвор од градот и да го остави кучето покрај пат, може да биде многу лесно најдено. Ако видите некаде на улица згазнато куче или маче, ако видите лисица, ги имаме прилично во Лондон, ако видите кое било животно, на пример, галеб, штрк, во неволја, ја викате организација за миленици која одлично функционира тука. Оттаму доаѓа екипа ги собира животните и му кажува лекарска помош и милениците ги враќа кај сопственикот, а дивите животни ги пушта во природа – вели Скерлев.

За оние кои ги прекршуваат правилата за тоа како се чува миленик во Велика Британија следат казни.

– Микрочипот за милениче чини 25 долари. Казната е фиксирана, тоа е 500 фунти за оние кои ќе го прекршат законот. Па затоа, подобро 25 отколку 500 евра. Ако некој малтретира миленик веднаш пристигнува службата им го зема миленикот, таквите добиваат забрана за чување милениче. Понекогаш казните знаат да бидат и драконски до затвор – објаснува Скрелев.

Во Англија најмногу се чуваат кучиња, според одредени статистики околу 14 милиони кучиња се миленици. Англичаните чуваат и мачки. Преку 9 милиони мачки се чуваат во домашни услови, а многу од семејствата имаат дома зајче.

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот