Робертсон: Безбедноста на Косово е важна за НАТО, нема опасност од војна на Балканот

Поранешниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон смета дека безбедноста на Косово е исклучително значајна за НАТО и тоа е и причината поради која Северноатлантската алијанса одлучи да ги засили своите трупи во северно Косово по последните настани во таа област населена со мнозинско српско население.

– Безбедноста на Косово е исклучително важна и тоа е причината зошто НАТО ги засили своите трупи овде, изјави Робертсон во денешното интервју за агенцијата Косовапрес.

Лордот Робертсон, кој во време на војната во Косово и кампањата на НАТО против Србија беше министер за одбрана на Велика Британија, вели дека тоа е причината зошто безбедноста на Косово ќе биде важна и во иднина.

– Ова е причината зошто безбедноста во оваа земја ќе биде важна во иднина, но и економската безбедност ќе биде важна за новата генерација, рече поранешниот секретар на НАТО.

Што се однесува до ризикот од војна на Балканот, Робертсон вели дека не верува оти постои таков ризик, меѓутоа предупреди на активностите на Русија со цел да ја наруши безбедноста на регионот.

– Не верувам дека постои ризик од војна на Балканот, но Русија се меша во овој регион, како што тоа го прави во Украина, рече Робертсон, додавајќи дека затоа е важно Западот да се обедини за да не го дозволи триумфот на Русија во Украина, изјави Робертсон во интервјуто за КосоваПрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот