Сиљановска утре ќе се обрати на мировниот самит за Украина

Сиљановска-Давкова Фото: ЕПА

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше на отворањето на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток, на езерото Луцерн во Швајцарија, соопшти Кабинетот на претседателката.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова, утре – 16 јуни 2024 година да има свое обраќање на самитот.

Собирот во Швајцарија на кој присуствуваат 100 делегации од целиот свет има цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот