ВИДЕО | Сигурна победа за Шпанија во дербито против Хрватска во Берлин

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Репрезентацијата на Шпанија славеше сигурна победа над Хрватска од 3:0 во првото големо дерби на Европското првенство.

За разлика од настапите на последните две големи натпреварувања, денеска видовме една бледа Хрватска, а Шпанија тоа знаеше како да го искористи и уште во првото полувреме ја обезбеди победата.

По неколку пропуштени прилики резултатот беше отворен во 29. минута кога Фабијан Руиз го пронајде Алваро Мората која излезе „еден на еден“ со Ливаковиќ и ја смести топката во мрежата. Само три минути подоцна и асистентот Руиз се запиша во листата на стрелци.

Се играше финишот од првиот дел кога Ламин Јамал кој стана најмладиот играч кој настапил на едно Европско првенство пронајде Дани Карвахал во шеснаесетникот, а фудбалерот на Реал Мадрид ја смести топката во мрежата.

Во вториот дел Шпанците мирно го приведоа натпреварот кон крајот и не дозволија изненадување. Бруно Петковиќ на десетина минути пред крајот ја погоди мрежата на Хрватска меѓутоа тој погодок беше поништен поради прерано влегување во шеснаесеникот на претходно изведениот пенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот