Дрва за огрев / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Хрватите бараат спас во соседството: Цените на огревното дрво скокнаа до 200 евра за кубен метар

Откако падна температурата во последните денови и нагло залади, започна и грејната сезона во Хрватска. Дел од жителите на Вргорска крајина се греат со пелети и електрична енергија, но многумина сè уште се потпираат само на дрва. Дека е прилично ладно можеше да се чуе и од звуците на моторните пили – некои сечеа дрва што ги купиле ова лето и сега малку се исушиле, додека други влегоа во своите шуми и почнаа да сечат дрва.

Сепак, добар дел од жителите, главно постарите лица чии деца живеат малку подалеку, купуваат дрва за огрев и во соседна Херцеговина, бидејќи се значително поевтини отколку што можат да се најдат во областа Вргорац, каде што препродавачите ги носат од внатрешноста на Хрватска и им ги нудат на клиентите по 100 до 110 евра за кубен метар, додека во малопродажните синџири на блиската Макарска ривиера и во долината на Неретва, палетите со големина од 1,85 кубни метри, бука и габер, чинат околу 200 евра.

Ова се доста високи износи за денешните околности и финансиската моќ на локалните жители, пишува Дневно- пренесува Телеграф. Во споредба со изминатите две-три години, тие ја зголемија и цената за 10 до 25 проценти.

Сепак, постои и една цака која малку поискусните купувачи ја знаат: ако дрвото се купи во јуни или јули, сигурно ќе биде поевтино отколку ако купувачите го направат тој чекор во октомври и ноември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот