ФОТО: Принтскрин/Twitter

Хрвати заглавија во Јемен поради воздушните напади – сите летови се откажани

Шест хрватски туристи моментно се заглавени на островчето Сокотра во Арапското Море. Островот му припаѓа на Јемен, каде што нов бран насилство и воени конфликти создава хаос, јавува ХРТ.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија спроведува воздушни напади против сепаратистите на југот од земјата, а целиот воздушен сообраќај е запрен во целата област.

Поради ова, Хрватите со денови не можат да го напуштат островот и да се вратат дома. Хрватската група пристигнала во Сокотра преку туристичка агенција и требало да се врати на 2 јануари, но по пристигнувањето на аеродромот откриле дека сите летови се откажани.

„Моментно сме во Сокотра и не знаеме кога ќе можеме да се вратиме дома. Нашата амбасада во Египет се вклучи во решавањето на ситуацијата и собирањето информации за да се обезбеди нашето безбедно враќање “, велат заглавение туристи.

И покрај драматичната ситуација, локалното население пружа помош и гостопримство, обезбедувајќи им на туристите сместување и основна логистика на островот.

Хрватската амбасада вели дека помошта нема да му недостасува на никого, но околностите го отежнуваат брзото враќање.

 

ВИДЕО | Саудиски бомби врз Јемен, Ријад обвинува за оружје од ОАЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот