Хрвати претепани пред клуб во Србија – на девојка во болница погрешно ѝ го зашиле јазикот
Новогодишната ноќ во Белград се претворила во кошмар за група Хрвати, кои биле нападнати од шестмина мажи пред познат клуб во српскиот главен град.
Препорачано
Еден од нападнатите изјавил за „Индекс“дека за време на инцидентот бил во друштво на неговата свршеница, нејзината сестра и еден пријател.
Според него, по прославата, девојките тргнале да бараат превоз, кога им се приближила група мажи. Откако ја одбиле нивната покана за забава, мажите почнале да ги навредуваат. Кога тој се обидел да ги одбрани, го нападнале него.
„Шестемина почнаа да ме тепаат. Во еден момент, сестрата на мојата свршеница се обиде да нè раздели, но и неа ја удрија со тупаница и падна на земја. Поради повредите, на девојката во болница и ги шиеја јазикот, усната и брадата, а јас бев удрен со тупаница во главата“, вели момчетот за хрватскиот портал.
По враќањето во Хрватска, повредената девојка повторно била подложена на процедура за зашивање на јазикот, откако било утврдено дека раната била погрешно, односно неправилно санирана во болницата во Земун, а целиот инцидент бил пријавен во полиција.
„Индекс“ објави вознемирувачки фотографии од повредите на претепаните.


