Храбрата Шкотска и зеде бод на Англија
Најстарото фудбалско репрезентативно дерби помеѓу Англија и Шкотска заврши без голови.
Еден од главните фаворити за титулата, Англија се мачеше и на крајот не успеа да најде начин како да ја пробие одлично организираната одбрана на Шкотска и не изгледаа толку доминантно на теренот.
Најдобрата шанса за постигнување гол „Гордиот Албион“ ја имаше при првото поминување во противничката полоцина кога по корнерот на Мејсон Маунт, Џон Стоунс ја погоди стативата.
Од тој момент, Англичаните повеќе немаа вистински шанси, туку само полушанси какви што имаше противникот кој се оринтира на одвраната на сопствениот гол.
Ова воедно беше прв натпревар помеѓу овие две селекции кога се игра во Англија да заврши без голови.
Со ремито, Англија падна на второто место на табелата во групата Д со четири бодови, исто колку што има и Чешка која пак има подобра гол разлика. Шкотска и Хрватска имаат по еден бод.
Во последното трето коло од групата Д ќе играат Англија – Чешка и Шкотска – Хрватска.