Фото: EPA-EFE/RUI MINDERICO

Хотел со 120 гости на Мадеира во изолација, еден заразен со коронавирусот

Сите 120 гости во хотелот „Квинта до сол“ на португалскиот остров Мадеира се ставени во изолација откако е утврдено дека холандски турист е позитивен на коронавирусот, соопшти денеска регионалната Влада.

Гостинот од Холандија во хотелот пристигнал минатиот четврток.

– Сите ние треба да бидеме свесни за сериозноста на ситуацијата поради големиот предизвик што претстои, изјави регионалниот премиер на Мадеира Мигел Албукерке на прес-конференција.

Ова е прв случај на островот, додека во Португалија досега се регистрирани 331 заразени, а вчера е пријавен и првиот смртен случај од Ковид-19.

Регионалната Влада во саботата објави дека сите патници кои пристигнуваат на Мадеира треба да бидат во задолжителен карантин најмалку 14 дена за да се спречи ширењето на вирусот.

Локалните власти вршат притисок врз националната Влада да ги затвори границите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот