Хороскоп за 27 септември, недела – Не ја бркајте среќата, дозволете таа да ве пронајде

Овен

Можен е разговор со личност од минатото, без разлика дали ќе се сретнете или ќе се слушнете по телефон. Луѓето околу вас се изненадени од вашите реакции, па обидете се да бидете појасни. Споредете ја вашата ситуација со другите. Ова ќе ви даде нова перспектива. Сакате да ја официјализирате врската. Можеби е рано за тоа.

Бик

Преземете смели чекори кон остварување на целите кои си ги задавате себеси и концентрирајте се на работата за да ги избегнете грешките. Ако имате домашна задача, сега е време да ја завршите за да не ви тежи следната недела. На полето на здравјето ве очекува поволен период за слабеење, губење на килограмите, здрава исхрана. Со мали рестрикции можете да се доведете во добра физичка форма.

Близнаци

Наеднаш би можело да ви падне напамет необична идеја, со која ќе си го збогатите својот и сексуалниот живот на партнерот. Овој пат сте во право. На професионално поле, вашата интуиција денес ќе ви даде одговори на многу прашања. Само добро слушајте и сѐ ќе ви биде јасно. Совет – престанете да анализирате.

Рак

Личност што веќе го поминала трнливиот пат кој вие сега го одите ќе ви даде скапоцени совети. Зборовите што ќе ги слушнете се бесценети, не ги игнорирајте. Запомнете дека секогаш е подобро да се спречи отколку да се лекува. Ќе давате силен отпор на промените кои се случуваат околу вас, но тоа ќе ви го спречува напредокот. .

Лав

Лесно ќе се справувате со проблемите. Знаете што точно сакате и ќе почнете да се движите во таа насока. На работното место не потпишувајте никакви договори. Ако мислите да започнете нов проект, најпрво соберете ги потребните информации. На поле љубов, не делувате според вашите чувства. Ова прави да изгледате „ладно“.

Девица

Ќе мора да пресечете, да носите посмели одлуки на работното место за нештата да тргнат на подобро. Од нешто сте незадоволни. Колку и да се обидувате да го скриете тоа, околината забележува дека со вас се случува нешто. На некого сте љубоморни или вашиот љубовен живот е незадоволувачки и тука е суштината на проблеми.

Вага

Можете да очекувате ден исполнет со задоволства, што ќе доаѓаат поради низата идеи, што ќе ги следите со саканата личност. На професионално поле, ќе верувате во својата храброст и високиот морал, така што лесно ќе ги решите деловните грижи, за кои само вие знаете. Подобро е да верувате, отколку да се сомневате.

Скорпија

Ве очекува бура од идеи, а дел од нив ќе имате можност да ги реализирате. Ќе решите и некој проблем, а со тоа ќе се ослободите од голема грижа. На работното место ќе бидете продуктивни, а наскоро очекувајте и позитивни резултати. На поле љубов, обидете се да сфатите дека проблемот со партнерот и не е толку сериозен.

Стрелец

Денес ќе зрачите со позитивна енергија и ќе привлекувате додворувачи кои се слични на вас. Со леснотија, ќе имате доволно енергија и мотивација да се посветите на обврските. Многумина од вас ќе се почувствуваат силни па полни со енергија ќе се обидат да ги решат проблемите што ве притискаат уште од лани.

Јарец

Мора да зборувате за вашите стравови, несигурности и негативни чувства. Отворете ја душата пред личност на која безрезервно ѝ верувате. Ќе чувствувате празнина поради личност која повеќе не е покрај вас. Можно е да ја пронајдете најголемата утеха кога најмалку очекувате. Не ја бркате среќата, дозволете таа да ве пронајде.

Водолија

Денес ќе дознаете дека ваш колега, пријател или обожавател тајно работи во ваша корист и тоа бескрајно ќе ве усреќи. Прекрасно е да знаете дека некој ви го чува грбот и ве поддржува. Само внимавајте, тоа може да не е безусловно. Многу водолии ќе се вљубат, но тоа може да не е во личност, туку во хоби, место или во себеси.

Риби

На професионално поле, во мислите ќе ги анализирате вестите поврзани за работата и ќе ви се чини дека сосема добро се снаоѓате. На емотивно поле, сите карти ќе бидат во рацете на вашата најмила личност, која ќе биде многу расположена за нежности. Не прашувајте зошто. Здравје: Немојте да се прејадете!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот