Италијанска полиција/Профимедиа

Хорор во Трст: Мајка го заклала деветгодишниот син, таткото го барал со часови

Ужасно злосторство ја потресе италијанската јавност, мајка го убила својот деветгодишен син пресекувајќи му го гркланот вчера во нивниот дом во центарот на Муџа, покраина Трст, објави агенцијата Анса.

Жената, украинска државјанка, била разведена од сопругот Италијанец кој ги известил надлежните вчера откако не можел да стапи во контакт со детето кое требало да го земе кај него. Полицијата упаднала во домот на Украинката и го пронашла детето мртво во бањата.

Жената наводно користела кујнски нож за да го изврши убиството, а потоа се обидела да се самоповреди. Детето било четвртоодделенче во словенечкото основно училиште во Муџа.

Детето му било доверено на својот татко откако двојката се разделила. Ситуацијата по разводот била тешка за семејството, наведуваат сведоци.

Сепак, според судските упатства, на детето му било дозволено да ја посети својата мајка, која живее на Виа Маркони, во центарот на Муџа. Според извештаите, кога противпожарната служба и органите на редот пристигнале во домот, детето било мртво со часови, а неговото тело било во бањата.

Полицијата објави дека утрово ја уапсила жената, по судски налози, за убиството на нејзиниот деветгодишен син.

Таткото на детето е 58-годишен маж од Трст кој живее во Муџа. Кога пожарникарите и полицијата влегле во домот, мајката имала неколку исеченици на рацете, па затоа ѝ била укажана помош од болничари и била однесена во болницата Катинара во Трст. Таа ќе биде однесена во Окружниот затвор во Трст.

„Ситуацијата се следи уште од раѓањето на бебето; беше тешка, но не и драматична“, што значи дека немаше ништо што би сугерирало дека може да ескалира во трагедија“, изјави градоначалникот на Муџа, Паоло Полидори, кој веќе прогласи ден на жалост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот