Хонг Конг ќе додели 500.000 бесплатни авионски билети за да привлече туристи

Хонг Конг/ Фото EPA-EFE/JEROME FAVRE

Владата на Хонг Конг планира да подари 500.000 бесплатни авионски билети за да го заживее туристичкиот сектор и да привлече посетители. Иницијативата „Здраво Хонг Конг“ беше претставена во четвртокот и се работи повеќе од две години.

Билетите ќе бидат дистрибуирани помеѓу три авиокомпании: Кетвеј Пацифик, ХK Експрес и Хонгконг Ерлајнс. Вкупно 500.000 билети го чинеле градот околу 254,8 милиони долари. Патниците кои сакаат да патуваат во Хонг Конг можат да ја посетат веб-страницата на Ворлд оф Винерс и да ги внесат своите податоци за лотаријата за авио билети од 1 март.

Билетите ќе се доделуваат во три бранови – од 1 март за луѓето низ Југоисточна Азија, од 1 април за луѓето кои живеат во континентална Кина и од 1 мај за жителите на остатокот од светот, пишува Си-Ен-Ен.

Во акцијата можат да се приклучат и локалните жители. Од 1 јули, дел од авионските билети ќе им бидат поделени на жителите на Хонг Конг кои сакаат шанса да го надоместат изгубеното време за патување, објави порталот Клик.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот