Холивуд ги смета Бијонсе и Џеј Зи за најсилен музички пар: Пред 13 години имале неверојатна венчавка, а главниот мотив бил белиот цвет!

Фото: Профимедиа

Бијонсе и Џеј Зи се венчале на 4 април, 2008 година, без никаква помпа… И покрај многуте шпекулации, вистинските детали од венчавката испливаа во јавноста дури во 2014 година, откако тие сами ги пласираа за време на заедничката турнеја.

Фото: Профимедиа

Музичкиот пар на венчавката повикал 40 добро познати лица, под огромен шатор подигнат во пентхаусот на раперот во Њујорк. Венчаницата на Бијонсе ја сошила нејзината мајка Тина, а целиот простор во кој го изговориле судбоносното „да“ бил украсен со бели орхидеи кои ги порачале од Тајланд. Имало дури 70.000, според информациите кои потоа ги споделиле медиумите и чинеле 5 милиони долари.

Фото: Профимедиа

Заедно со гостите уживале во хип-хоп музика, старите хитови на Витни Хјустон… до пет часот наутро. Гостите, заедно со главните актери, своите телефони ги оставале на влезот, за со сигурност да не „исплива во јавноста“ нешто од церемонијата и за ништо да не им го одвлекува вниманието од забавата.

Фото: Профимедиа

Инаку, кратка снимка од настанот се појавува во видеото за песната која пејачката му ја посвети на сопругот. Таа ја објави во една прилика на Инстаграм, на денот кога прославија 9 години од нивната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)


Покрај Соланж Ноулс и остатокот од семејството Ноулс и Картер, на венчавката присуствувале Гвинет Палтроу, Крис Мартин, Кели Роуланд, Мишел Вилијамс и многу други…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот