Холанѓаните и Пољаците ги откажаа резервациите за Охрид, на повидок уште една неуспешна туристичка сезона

фото: majesticmsuites.com.au

Туристичката сезона во Охрид и Струга повторно е во опасност. Посебен удар за хотелиерите беше Половина година помина и веќе се гледаат резулататите од работењето на хотелите, според кои може да се каже дека и оваа година хотелите ќе работат со загуба. Ова денеска за „Слободен печат“ го изјави претседателот на Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ), Крсте Блажевски.

– Во хотелите каде што најголем број од резервациите се од домашни гости не се забележува откажување на резервациите. Во поголемите хотели најмногу се откажуваат резервациите на гостите од Полска и Холандија. Иако се направија безбедносни протоколи и во државата има многу мал број на заболени, холанѓаните не доајода затоа што Владата не ги пушта да излезат од државата поради новиот вирус. Тоа е одговорот од туроператорот со кој работиме. Минатите години имавме околу 25. 000 холандски гости со минумум престој од седум дена, а некои остануваа и по 14 дена, што е значителна бројка на ноќевања. Вториот оператор со кој работиме ТУИ, според најавите, ќе почне да оперира од 19 јули до 23 август. Треба да дојдат околу 2500 Холанѓани, но тоа не е ниту приближно до бројот од околу 25.000 туристи од минатите години, вели Блажевски.

Според него, најголема загуба ќе претрпат поголемите хотели, додека помалите кои имаат и помалку трошоци полесно ќе ја издржат неуспешната летна сезона.

– Не знаеме како ќе се одвива ситуацијата,  ако дојде нов бран на вирусот многу ќе биде тешко  за целата индустрија. Поголемите хотели тоа тешко ќе го поднесат, бидејќи имаат и поголеми трошоци за вработените и за одржувањето, додека  помалите хотели најчесто ги посетуваат домашни туристи кои не ги откажаа резервациите, а од друга страна имаат и помал број на вработени, а со тоа и помали трошоци за плата и придонеси, додава претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски.

Тој не ја исклучува можноста хотелиерите повторно да имаат побарувања од Владата за нов пакет мерки, со цел да се ублажи неуспешната туристичка сезона.

Во моментов на Охридското крајбрежје најчести гости домашните туристи, а и направените резервации за следниот период се од домашни туристи. Сепак, бројот на  македонски туристи кои летуваат во Охрид и Струга е незначителен,  со оглед на тоа дека најголем дел од домашните туристи заминаа во Грција, Црна Гора, и Албанија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот