Холанѓаните отсвиреа крај на првенството, Ајакс без титула

Холандската Ередивизија денеска и официјално е завршена без шампион и без испаѓање откако пред неколку дена Владата ги забрани сите спортски активности до 1. септември.

Поради одлуката на холандската влада, Фудбалската федерација на Холандија беше приморана на ваква тешка одлука.

Сезоната во Ередивизијата и официјално е завршена, моментната состојба на табелата е призната, но Ајакс нема да биде прогласен за шампион. Ајакс и АЗ Алкмар беа лидери на табелата со ист број на бодови, што непрогласувањето на Ајакс кој имаше подобра гол разлика претставува мала сатисфакција за АЗ кој пак славеше во двата меѓусебни дуели.

Исто така нема да има испаѓање, па АДО Ден Хаг и РКЦ Валјвијк кои беа на последните две позиции на табелата, и во следната сезона ќе играат во Ередевизијата.

Фудбалската федерација на Холандија ги одреди и екипите кои ќе играат во европските купови наредната сезона, притоа следејќи ги препораките на УЕФА.

Ајакс ќе игра во последното коло од квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, додека Аз Алкмар свои настапи ќе ги започне во второто квалификациско коло. Третопласираниот Феенорд обезбеди директен пласман во Лигата на Европа, додека ПСВ и Вилем II ќе стартуваат од третото квалификациско коло.

Сега останува да бидат одредени тимовите за учество во европските купови за следната сезона. Според правилата на УЕФА, кои беа донесени вчера, Ајакс како лидер иако е израмнет со бодовите со АЗ ќе игра директно во плеј-офот за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони. Тимот од Алкмар ќе почне од второто квалификациско коло во елитата.

Феенорд како третопласиран тим на табелата ќе игра директно во групната фаза во Лигата на Европа, додека ПСВ и Вилем Втори ќе играат во третото, односно второто квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот