Холандската принцеза поради закани иселена од студентскиот дом

Фото: Инстаграм

Осумнаесетгодишната принцеза Кетрин-Амалија мораше да се исели од студентскиот дом во Амстердам и да се врати во палатата поради закани за нејзината безбедност, соопшти холандското кралско семејство.

Наследничката на холандскиот престол се пресели во Амстердам за да студира, а дури и кралот Вилем-Александар зборуваше за нејзината тешка ситуација во текот на државната посета на Шведска.


Кралицата Максима објаснила дека принцезата едвај излегува од куќата.

„Оваа ситуација многу влијаеше на нејзиниот живот. Таа не може да живее во Амстердам, а всушност воопшто не може ниту да излезе од дома“, објаснила кралицата.

Амалија почна да студира на Универзитетот во Амстердам во септември и се пресели таму, но набрзо се појавиле безбедносни закани, поради што била принудена да се врати во палатата во Хаг.

„Последиците се тешки за неа. Таа нема студентски живот, како другите нејзини колеги. Не е пријатно вашето дете да живее така“, додала кралицата Максима.

Принцезата Амалија студирала политика, психологија, право и економија.
Иако деталите за заканите не се откриени, неколку холандски медиуми објавија дека безбедноста на принцезата е зголемена поради заканите дека криминалните банди би можеле да ја нападнат или киднапираат.

 


Инаку, најстарата ќерка на холандскиот крал Вилем-Александар се најде во центарот на вниманието кога се откажа од своето право на нејзиниот голем додаток од 2 милиони долари (1,6 милиони евра), велејќи дека се чувствува непријатно да би ги зела парите кога не направила ништо за да ги заработи.

Холандската принцеза Амалија се откажува од своето право на годишен приход: Одбила 1,6 милиони евра

Холандската принцеза Амалија денес го прослави својот 18-ти роденден: Не сум подготвена да бидам кралица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот