Хит фризура оваа есен: Лесна за одржување и одговара на сите форми на лице

Фото: Instagram

Иако долгата коса е стандард за многу жени, многу познати ѕвезди како Џенифер Лопез, Карли Клос, Алекса Чунг или Кети Холмс на најдобар начин докажуваат дека косата со средна должина е апсолутен хит оваа есен.

Ако размислувате да го освежите вашиот изглед оваа сезона, нема да погрешите доколку се одлучите за безвременската должина, следејќи го примерот на многу познати убавици кои веќе некое време се верни на овој стил.

Џенифер Лопез / Instagram

Станува збор за класична фризура која никогаш нема да излезе од мода, освен што е многу женствена, оваа фризура е многу лесна за одржување затоа што не бара многу внимание.

Важно е косата да биде слоевито исечена за да создаде впечаток на поголем волумен.

До неодамна, љубителката на долга коса Џенифер Лопез храбро и без многу размислување ја смени должината на својата коса. Препуштајќи се на вештите раце на нејзиниот фризер Крис Аплтон, кој за неа создаде изглед кој уште повеќе ја подмладува.

„Според мене ова е совршена должина“, изјавил познатиот фризер.

Кети Холмс / Instagram

Кети Холмс исто така обожава на т.н. „long bob“ фризури. Ваквиот стил навистина ѝ прилега и ги нагласува нејзините нежни црти на лицето. Карли Клос исто така е голема обожавателка на оваа женствена фризура.

Карли Клос / Instagram

Овој стил одговара на сите форми на лице, особено ако сакате нешто да промените во вашиот изглед а немате храброст да направите некоја порадикална промена.

Трендот на „messy hair“ ќе остане засекогаш актуелен, лежерна и шармантна подразбушавена коса како што со години ја носеше британската икона на стилот Алекса Чунг.

Алекса Чунг / Instagram

Оваа должина е совршена затоа што има безброј варијанти кои можете да ги пробате и да изгледате различно секој ден.

Како што изјавил познатиот фризер Том Конел, оваа безвременска фризура е инспирирана и од стилот на модните икони од 60-тите години. Легендарната Џејн Биркин која со задоволство ја носеше и оваа должина, доволно женствена и никогаш здодевна.

Па ако сакате да направите промена оваа есен, нема да погрешите доколку се одлучите за овој кул изглед!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот