Хилари Даф тврди: Поради тестирањето на корона имам чуден симптом

Фото: EPA/JOSHUA GATES WEISBERG

Актерката Хилари Даф со своите следбеници на Инстаграм сподели низа фотографии преку кои покажа како нејзиното семејство ги поминало празниците, а многумина се изненадија кога таа објави фотографија со потечено око.

„Одеднаш окото започна да ми изгледа чудно и ме болеше“, напиша таа.

Фото: Инстаграм

Потоа таа објасни дека веднаш се упатила на доктор, каде и ја откриле причината за инфекција.

„Излезе дека сето тоа е поради бројните тестирања на коронавирусот на кои бев ставена поради работата“, изјави таа.

Фото: Инстаграм

„Моето око сега е ОК. Добив антибиотик и сега е добро“.

Фото: Инстаграм

Центарот за контрола на болести потоа соопштил дека оваа состојба на актерката е исклучок и дека е резултат на повеќе околности, со што ги замолија луѓето да внимаваат на своето здравје и редовно да се тестираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот