Хет-трик на Фелаини за седум минути! (ВИДЕО)

фото: твитер

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед и Евертон блесна во дресот на кинескиот клуб Шендонг Луненг.

32-годишниот Белгиец Маруан Фелаини беше најзаслужниот за триумфот на неговиот клуб против Далиан Про (2:3).

Поведоа домаќините со голот на Рондон, екс фудбалерот на Њукасл, ВБА и Зенит, а потоа на сцена стапи Фелаини.

Успеа за само седум минути да реализира хет-трик, и сите погодоци беа постигнати со глава.

Конечниот епилог го постави Даниелсон во третата минута од судиското надополнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот