Хенри и Балу се мачката и кучето кои се заедно низ животните авантури (ФОТО)
Кучето Хенри и мачката Балу се љубители на природата и авантурата и никогаш не одбиваат патување или излет со своите сопственици, Синтија и Андре.
Парот од Колорадо го посвоил Хенри од засолништето за животни, кога имал само три ипол месеци, а подоцна ја вдомиле и мачката надевајќи се дека животните добро ќе се согласуваат.
„Хенри не убеди да го земеме со себе уште во првиот момент кога го запознавме, кога самиот ми скокна во скут“, раскажала сопственичката Синтија.
Додаава дека уште на првото патување Хенри, кој тогаш бил кутре, успеал да се искачи на најстрмната карпа за да има подобар поглед на кањонот.
„Андре и ја се погледнавме и насмеавме. Знаевме дека тоа е планинско куче за какво што сонувавме. Патувањата се нижеа, а љубовта спрема таа мешавина од овчар, боксер и териер, растеше“, опишува Синтија.
Брзо дошло време Хенри да покаже каков пријател е кон друго животно, а не само спрема нив, па се одлучиле да ја посвојат мачка која би можела да издржи со нив и го прати нивното темпо.
Да се пронајде таква авантуристичка мачка било вистински предизвик кој траел три месеци за парот да може да го пронајде совршениот кандидат.
„Кога влегов во собата каде што Балу беше со мајка му, браќата и сестрите, прв скокна од леглото и потрча накај мене, со поглед за да го земам“, раскажува Андре кој со мачката тогаш поминал неколку саати играјќи и дружејќи се.
Набрзо сфатиле дека Балу е совршен за нив.