Хемикалиите во производите за чистење можат да го зголемат ризикот од Паркинсонова болест и рак

unsplash

Научниците предупредуваат дека сè поголемиот број случаи на луѓе кои боледуваат од Паркинсонова болест може да биде поврзано со хемикалија што се наоѓа во некои производи за чистење, како што се средства за чистење теписи и средства за отстранување на бои и дамки.

Бројот на Американци кои страдаат од Паркинсонова болест се зголемил за 35% во текот на изминатата деценија и може да се зголеми двојно во следните 25 години, пренесува „The Guardian“.

Доказите сугерираат дека, барем делумно, за тоа може да биде виновна хемикалијата трихлоретилен. Оваа хемикалија се користи како индустриски обезмастувач, средство за отстранување на дамки и за чистење на разни видови материјали, вклучувајќи облека, теписи и метална опрема. Може да се најде и во некои лепила и средства за чистење на мебел или автомобили, што може да биде ризично доколку луѓето го вдишат неговиот мирис или ако дојде во контакт со кожата, пренесува „EPA“.

Истражувањата покажаа дека изложеноста на трихлоретилен е потенцијален ризик за развој на Паркинсонова болест дури и неколку децении подоцна…

Трихлоретилен е исто така познат канцероген и е поврзан со рак на бубрезите, не-Хоџкин-ов лимфом и рак на црниот дроб.

Нејзината употреба беше забранета во Минесота, а неодамна и во Њујорк, откако „Reveal“ дополнително информираше опасноста и употреба во производствени погони и воени бази во државата.

Сепак, трихлороетилен не влијае само на оние кои се во директен контакт, бидејќи може да преживее во животната средина повеќе од една година. Луѓето можеби не се ни свесни дека оваа хемикалија може да ја контаминира почвата и подземните води, вклучително и онаа што ја пијат.

Profimedia

 

Бројни студии ја поврзуваат водата за пиење со Паркинсоновата болест и не мора да биде предизвикана само од трихлороетилен, туку и од пестициди како што е паракват“, вели Бриана де Миранда, професор по неврологија на Универзитетот Алабама во Бирмингем.

Употребата на филтри за вода може да помогне во ублажување на нивото на трихлоретилен, но сепак постои ризик затоа што луѓето се капат во загадена вода или ја вдишуваат оваа опасна хемикалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот