EPA-EFE/DAVID SWANSON
EPA-EFE/DAVID SWANSON

Хелена Бонам Картер открива како е да се биде во врска со 21 година помладо момче: Тој е стара душа во младо тело

Британската актерка ретко зборува за својот љубовен живот, но во последното интервју за „Гардијан“ откри како е да биде во врска со 21 година помладо момче.

Хелена Бонам Картер е прилично таинствена кога станува збор за нејзиниот љубовен живот, па минатата година кога ја прашуваа за тоа, таа ја бранеше врската со 21 година помладиот Рај Даг Холмбоу (32) без да открива детали. Хелена (54) која ја игра принцезата Маргарет во серијата „Круната“ што се емитува на Нетфликс, ја спореди својата врска со љубовната врска на Маргарет со Роди Луелин, кој бил 17 години помлад од неа.

Profimedia

Чудесно се поклопија работите, да имам слична љубовна врска како ликот што го играм. Секој од нас созрева на различна возраст, а мојот партнер е неверојатно зрел човек. Тој е стара душа во младо тело, што можам повеќе да посакам? – изјави тогаш Хелена.

Но, сега таа открива како го запознала човекот на својот живот.

Не можам да кажам многу за Рај, бидејќи тој е психоаналитичар и потребна му е анонимност. Само ќе кажам дека е магичен. Го запознав на една венчавка, сосема случајно. Никој од нас не се надеваше дека тоа случајно познанство ќе прерасне во нешто повеќе. Во една прекрасна љубовна врска – зборуваа таа вљубено.

Пред Реј, Хелена беше во брак со режисерот Тим Бартон, со кого има две деца, Били (16) и Нил (12), во кој влезе по две години откако ја раскина врската со режисерот и актер Кенет Брана.

Ох, Кен. Не се сеќавам на многу детали за животот со него, ниту за работата. Мора да има причина штом не се сеќавам – иронична е Хелен, која Кенет ја остави по петгодишна врска бидејќи „немало љубов меѓу нив“.

Но, за разводот од Тим вели дека тешко го поминала и им требало време да се навикнат на новиот начин на живот, кој подразбира и заедничко старателство над децата, поради кои решиле да останат во пријателски односи и никогаш јавно да не зборуваат за приватноста.

Ги почитувам Тим и нашите деца и никогаш нема јавно да зборувам за нашите односи. Само ќе кажам дека јас не бев таа што излезе од бракот. Разводот е болен, но некои придобивки од него се позитивни. На почетокот е тешко да сфатите дека треба да ги делите децата, но подоцна доаѓате до мигот кога си велите: „Ох, оваа недела јас сум слободна!“.

Profimedia

Во текот на својата плодна кариера Хелена Бонам Картер соработуваше со речиси сите мажи во филмскиот свет што биле обвинети за нешто и до некаде биле прогласени за монструми. Меѓу нив се Вуди Ален, Роман Полански, Харви Вајнстајн и неколкупати со Џони Деп, кој воедно е кум на нејзините деца. Таа вели дека никогаш не ги цени луѓето според она што се пишува за нив и што другите зборуваат:

Никогаш не гледам на работите во црно и бело. Луѓето се мултиколористични. Никој не може да биде само добар или само лош. Вајнстајн е насилник, точка. Но и покрај тоа што е социопат и насилник, истовремено е одличен филмски продуцент и тоа никој не може да го негира – вели таа и појаснува дека тоа што некој е познат, не значи дека треба да биде амнестиран за криминалот кој го извршил, но истовремено делата што ги извршил не треба да ја урнат целата приказна за неговиот професионален успех.

На таа тема таа зборува и за Џони Деп, кој во меѓувреме ја водеше судската битка во случајот со Амбер Херд и беше обвинет дека е „тепач на жени“.

Џони е посебен во неговото однесување и манирите што ги има, но тој не е глупав. Немаше да оди низ сето тоа ако знаеше дека е виновен – го брани Хелен својот близок пријател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот