Хегсет го предупреди Иран „мудро да избере“ што ќе прави
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД располагаат со сили за повторно започнување борбени операции во Иран, доколку Иран не се согласи на договор, објави „Би-би-си“.
Препорачано
На прес-конференција во Пентагон, Хегсет го предупреди Техеран „мудро да избере“, додавајќи дека сите опции остануваат на маса.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно изјави дека ниедна сила во светот не може да го принуди иранскиот народ да се покори.
Тој ги посочи сегашните двојни стандарди во меѓународната политика како недопустливи, нагласувајќи дека секоја воена офанзива против суверени земји е целосно кршење на сите прифатени меѓународни принципи.
Во меѓувреме, Пакистан започна нова рунда дипломатски напори, при што делегации патуваат низ регионот за да обезбедат поддршка за мировен договор..
Паралелно, премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, започна четиридневна турнеја низ Саудиска Арабија, Катар и Турција со цел да ја зајакне регионалната поддршка за мировните напори.
Иако извештаите сугерираат дека двете страни се наклонети кон продолжување на примирјето, претседателот Доналд Трамп изјави дека негово продолжување можеби и не е потребно за постигнување конечен договор.
Америка и Иран преговараат да го продолжат двонеделното примирје


