Хазби Лика станува разузнавач

Вицепремиерот за Рамковниот договор, Хазби Лика со новиот Закон за координација станува разузнавач, односно добива место во Советот за координација на разузнавачката заедница. На позицијата Лика седнува за 30 дена, објави Телма.

Во Законот за координација кој денеска го потпиша претседателот Стево Пендаровски стои одредба дека вицепремиерот задолжен за Рамковниот ќе биде еден од осумте члена на советот кој оперативно ќе ги води разузнавачките активности.

За ова решение гласале сите 91 пратеник на седницата минатата среда иако истите пратеници уште во март гласаа за укинување на Секретаријат за рамковен договор и замена со ново министерство за политички систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот