фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Хаверц му зададе нова главоболка на Микел Артета

Лидерот на Премиер лигата и Лигата на шампионите, Арсенал, се соочува со сериозни проблеми кога станува збор за повредите, а менаџерот Микел Артета денес доби уште една лоша вест – германскиот офанзивец Кај Хаверц нема да се врати на терен во планираниот рок.

Хаверц е надвор од строј уште од август. Ја санираше повредата на коленото поради која долго време беше отсутен, но во меѓувреме се појави нов проблем, па се очекува да биде подготвен за настап дури за околу три недели.

Во меѓувреме, Арсенал доби засилувања бидејќи од повреди се вратија Мартин Одегард, Виктор Ѓокереш, Габриел Жезус и Нони Мадуеке, додека сè уште се надвор од конкуренција Габриел, Кристијан Москера и Бен Вајт.

„Топчиите“ се на првото место на табелата во Премиер лигата со 36 бодови, два повеќе од Манчестер Сити и три од Астон Вила. Во сабота од 21:00 часот гостуваат кај Евертон во рамки на 17. коло.

Во Лигата на шампионите Арсенал има максимален учинок со шест победи од шест натпревари и исто така е лидер на табелата.

Повратокот на повредените фудбалери ќе биде клучен за Артета во остварувањето на зацртаните цели, а останува да се види дали токму Хаверц ќе биде првиот кој повторно ќе истрча на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот