Хасани: ЕУ повеќе не може да избегнува тешки избори

Игли Хасани - албански министер за надворешни работи /Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

За албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, Европската унија не смее да потфрли во обликувањето на транзицијата, доколку сака да стане актер кој навистина може да влијае на настаните на Блискиот Исток или во Украина или каде и да е следната криза.

Обраќајќи се на еден од панелите на Форумот за дипломатија во Анталија, министерот Хасани ги истакнал напорите на ЕУ да стане глобален актер.

ЕУ има потенцијал да стане вистински глобален актер и повеќе не може да избегнува тешки избори. Способноста на Унијата да ги обликува транзициите започнува во нејзиното непосредно соседство, а проширувањето е клучот за постигнување на оваа цел, рекол министерот Хасани, јави агенцијата Балкан веб.

Според шефот на албанската дипломатија, единствен одговор на актуелните кризи се континуираните напори за зајакнување на мултилатерализмот.

Мултилатерализмот страда конкретно во последните две децении. Имаме неколку меѓународни организации кои не го испорачуваат она што се очекува. Сè уште сме сивата зона во стомакот на Европа. Ние сме опкружени со граница на ЕУ, но сè уште не сме интегрирани. Сè уште се бориме да ги развиеме трите елементи: либерална демократија заснована на владеење на правото, слободна пазарна економија и слобода и основни човекови права, оценил тој.

На трето издание, Форумот за дипломатија во Анталија учествуваат шефови на држави и влади, министри, дипломати, бизнис лидери, академици, експерти и претставници на младите и медиумите на сеопфатна дебата. Главната тема на овој Форум беше „Унапредување на дипломатијата во време на превирања“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот