Харисон Форд: После мене никој не може да биде Индијана Џонс

На популарниот актер Харисон Форд не му се допаѓа идејата улогата на Индијана Џонс после него да ја толкува некој друг, пишува „Screen Rant“.

Во интервјуто за „USA Today“, Форд беше запрашан кого би сакал да го види како Индијана Џонс откако тој ќе заврши со таа улога.

„Никој нема да биде Индијана Џонс, зарем не разбирате? Јас сум Индијана Џонс. Кога мене нема да ме има, ниту него веќе нема да го има“, кажа актерот низ насмевка.

Instagram
Instagram

Да се потсетиме, неодамна е најавен „Индијана Џонс 5“, филмот за кој се претпоставува дека ќе биде последен во оваа франшиза.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот