Хари Стајлс тајно живее во хотел со новата девојка: Една вечер го чини 2.500 фунти

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN//EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Додека чека да се изгради неговата нова вила од 50 милиони фунти, Хари Стајлс плаќа 2.500 фунти од ноќ во хотел. Пејачот тајно живее во луксузен хотелски апартан со својата девојка Тејлор Расел, пишува „Дејли Мејл“. 

Хари потрошил 13 милиони фунти во 2020 година за неколку соседни куќи од 18-тиот век  во северен Лондон, кои ги собрал во еден имот пред да почне да работи на нивна трансформација.

29-годишниот пејач во мометот живее во раскошно хотлско сместување со девојката Тејлор Расел и се труди да остане надвор од очите на јавноста. Излегуваат само на кафе и по грицки и возат велосипед низ Лондон како обични туристи.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ heinowpy

„Работите се многу сериозни и Хари дефинитивно гледа иднина со Тејлор“, вели извор за „Дејли меил“. Иако и двајцата се зафатени со своите кариери, тие се поддржуваат еден со друг, пишуваат британските таблоиди.

Пејачот бил виден на претставата „The Effect“ во Народниот театар за да се види со својата девојка, а таа го посетила во Виена на неговиот концерт во рамките на турнејата „Love on Tour“. Стајлс и канадската актерка првпат беа забележани како уживаат во уметничка галерија во Лондон во јуни.

ФОТО + ВИДЕО | Хари Стајлс има нова девојка: Повторно фатени заедно со Тејлор Расел

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот