ФОТО + ВИДЕО | Хари Стајлс има нова девојка: Повторно фатени заедно со Тејлор Расел

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN//ALLISON DINNER

Хари Стајлс и Тејлор Расел ги потврдија неодамнешните гласини со новото заедничко појавување, овој пат на премиерата на нејзината нова претстава, пренесува „Ињуз“(Enews).

Повеќе од еден месец откако ги поттикна гласините за романтична врска, пејачот на „Watermelon Sugar“ бил виден како ја придружува актерката од „Bones and All“ на премиерата на претставата „The Effort“ во Националниот театар во Лондон на 9 август.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ heinowpy

Стајлс и Расел, која глуми во претставата, биле фотографирани заедно на гала вечерата на отворањето, разговарајќи меѓу себе и со гостите, меѓу кои бил и пријателот на Стајлс, Џејмс Корден.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ heinowpy

Ова се случува неколку недели откако Расел се појави на концертот на Хари во Виена, како дел од неговата турнеја „Love on Tour“. Но, пред да помине време во ВИП просторот за време на концертот, актерката била забележана како се шета со Стајлс во австриската престолнина.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ heinowpy

Тоа не е единственото шоу на Хари кое го посетила Расел. Таа минатиот месец заедно со пријателите на Стајлс го гледала настапот на добитникот на Греми во Реџо Емилија во Италија.

Стајлс и Расел, за прв пат предизвикаа гласини на крајот на јуни, кога беа фотографирани како излегуваат од уметничката галерија „White Cube“ во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот