Хари Стајлс и Зои Кравиц се свршија по осуммесечна врска
Светот на шоу-бизнисот е во „транс“ по веста дека популарниот пејач Хари Стајлс (32) и актерката Зои Кравиц (37) се свршија по само осум месеци врска. Како што пренесуваат светските медиуми, повикувајќи се на извори за „Пејџ сикс“, Хари е „целосно залуден“ по ѕвездата на „Бетмен“ (Batman), пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
„Тој би скокнал од карпа за неа“, вели извор близок до парот, додека Зои наводно е „на седмо небо“.
Иако врската е релативно свежа, нивните пријатели не се изненадени од овој чекор бидејќи парот уште од самиот почеток изгледал нераздвојно.

Дијамантскиот прстен ги подгреа гласините
Гласините за свршувачката станаа уште поинтензивни откако Зои беше фотографирана со голем дијамантски прстен на левата рака за време на нивниот престој во Лондон. Парот неодамна ги помина и празниците заедно во родното место на Хари во Англија, каде Зои наводно се доверила на пријателите дека Хари е нејзината „сродна душа“.
За Хари Стајлс ова е прва свршувачка. Претходно, во интервју кај Зејн Лоу, тој призна дека почнал сериозно да размислува за својата иднина и дека сака да се фокусира на семејство и вистински односи, наместо само на кариерата и турнеите.

Татко ѝ Лени Кравиц даде „зелено светло“
Рок ѕвездата Лени Кравиц наводно е пресреќен за изборот на неговата ќерка. Извори велат дека тој смета дека Хари и Зои се совршен спој и дека функционираат како најдобри пријатели кои се во љубовна врска.
Зои Кравиц претходно беше во брак со Карл Глусман, а беше свршена и за актерот Ченинг Тејтум, со кој раскина во октомври 2024 година. Овој пат, изворите тврдат дека таа чувствува оти нејзината врска со Хари е „нешто сосема поинакво“ од сè што доживеала досега.


