Хан: Очекувам кандидатски статус за Украина и Молдавија на следниот самит на ЕУ

Јоханес Хан
Јоханес Хан / Фото: EPA-EFE/VIRGINIA MAYO / POOL

Европскиот комесар за буџет Јоханес Хан очекува на следниот самит на ЕУ официјално да им биде даден статус кандидати на Украина и на Молдавија.

Тој изрази надеж дека Бугарија ќе се откаже од ветото за почеток на пристапни преговори со Скопје и со Тирана. Хан апелираше до бугарската влада да го укине ветото за отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана.

„Доколку Бугарија го укине ветото, тоа може да предизвика позитивна динамика во дијалогот меѓу Белград и Приштина и во БиХ“, истакна Хан.

Тој посочи дека е важно Украина и Молдавија да се третираат еднакво, потсетувајќи дека Молдавија по глава на жител примила најголем број украински бегалци. Исто така, рече дека ќе поздрави двете земји да добијат кандидатски статус.

Што се однесува до Грузија, тој очекува на самитот да добие „европска перспектива“.

Поранешниот комесар за проширување ја поздрави и посветеноста на Австрија, земјата од која доаѓа, на пристапната перспектива на земјите од Западен Балкан.

„Се надевам дека ќе го искористиме овој момент“, рече Хан.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот