Хамилтон рутински до пол позиција во Белгија
Возачот на Мерцедес ја освои пол позицијата пред седмата трката оваа сезона во Формула 1 за Големата награда на Белгија. Луис Хамилтон во Спа дојде до петтата најдобра стартна позиција оваа година, а вкупно 93 во неговата кариера.
Препорачано
Шесткратниот светски шампион во борбата за првото место за пола секунда беше побрз од својот тимски колега, Валтери Ботас, а на третата позиција ќе се најде Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул.
? END OF QUALIFYING ?
Top 10
HAM
BOT
VER
RIC
ALB
OCO
SAI
PER
STR
NOR#BelgianGP ?? #F1 pic.twitter.com/6Q3XbADnTI— Formula 1 (@F1) August 29, 2020
Четвртопласиран е Даниел Рикардо, зад него ќе стартува Александер Албон, а од шестото место Естебан Окон. Од седмата до 10 позиција се членовите на Мекларен и Рејсинг поинт, Карлос Саинц, Серхио Перез, Ленс Строл и Ландо Норис.
Минатогодишниот победник на трката, Шарл Леклер со Ферари ќе започне дури од 13 место, пред тимскиот колега Себастијан Фетел, уште едни лоши квалификации за црвениот болид.
Главната трка е в недела од 15.10 часот. Моментно во генералниот пласман кај возачите води Хамилтон со 132 поени, пред Ферстапен (95), Ботас (89), Леклер (45)…


