Хамес Родригес ќе ја продолжи кариерата во Бразил

фото: EPA-EFE/Carlos Ortega

Хамес Родригес кариерата ќе ја продолжи во Бразил, информациите велат дека Колумбиецот ќе потпише со Сао Паоло.

Фудбалерот е слободен играч по настапите за Олимпијакос, каде што неговиот престој се покажа како неуспешен.

Играчот се сели во Јужна Америка за да ги преговара последните детали и да потпише договор.

Хамес Родригес претходно играше и за екипите на Монако, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Неговото име стана популарно меѓу фудбалската јавност на Светското првенство во 2014 година кога беше најдобар стрелец на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот