Халид Бешлиќ итно опериран: Неговата сопруга откри како се чувствува по тешката интервенција

Фото: Драгана Удовичиќ

Познатиот пејач на народна музика Халид Бешлиќ (68), завршил во болница, дознава порталот „Аваз“.

На легендарниот босански музичар му бил вграден стент во „Центар за срце“ Сараево. Оваа информација за порталот „Аваз“ ја потврдила сопругата на Халид, Сејда.

– Добро е, се чувствува одлично, како да немало ништо. Утре доаѓа дома – изјави Сејда Бешлиќ за „Аваз“.

Како што дознава „Аваз“, операцијата ја извршил директорот на Центарот за срце и негов колега, врвен кардиолог.

Инаку, Халид Бешлиќ во 2009 година беше тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Сараево, кога со автомобил излетал од патот. Бешлиќ, кој не носел појас, имал неколку повреди на лицето и десното око. Во многу болници во Босна и Херцеговина, Турција и Белгија се направени обиди да се спаси неговото десно око, но безуспешно.

Тешко е да бидеш слеп: Босанскиот пејач Халид Бешлиќ искрено зборуваше за неговата мака!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот