Хајнекен нелегално продал милиони лименки пиво
Холандската пивска компанија Хајнекен е казнета со 1,5 милиони евра за дистрибуција на лименки пиво без задолжителен депозит, објави Јавното обвинителство на земјата.
Препорачано
Прекршувањето се случило помеѓу 1 април и 11 април 2023 година, кога Хајнекен наполнил повеќе од 7,2 милиони лименки без логото за депозит и ги пуштил на пазарот, и покрај тоа што законскиот услов веќе бил на сила, објави денес NL Times – пренесе Политика. Агенцијата соопшти дека Хајнекен не ги исполнил своите законски обврски, и покрај тоа што Инспекторатот за животна средина и транспорт постојано ги известувал производителите на пијалоци, почнувајќи од септември 2022 година, за претстојниот услов за депозит.
Компанијата соопшти дека привремено ѝ е дозволено да продава лименки без логото за депозит доколку биле наполнети пред 1 април, но дека погрешно ја протолкувале политиката и продолжиле да ги полнат преостанатите лименки без логото за депозит по 1 април. Портпаролот на Хајнекен изјави дека компанијата „ја прифаќа казната изречена од Јавното обвинителство од 1,5 милиони евра и доброволно донира 500.000 евра на добротворна организација која го забрзува системот за депозити“.


