Хаџиу: Владата на Курти ќе падне за пет месеци поради поделбите во Самоопределување

Заменикот на ДПК Беким Хаџиу изјави дека за пет месеци ќе падне Владата на Албин Курти, бидејќи, според него, има поделби во движењето Самоопределување, пренесува Репортери.

„Имаат внатрешни поделби, три недели нема средба. Гледајќи ги овие поделби, не верувам дека оваа влада може да издржи повеќе од пет месеци“, рече Хаџиу.

Тој додаде дека единственото нешто што може донекаде да го „спаси образот“ на власта е тие самите да се повлечат.

„Треба да се повлечат со образложение дека не прифаќаат Заедница со извршни овластувања. Така, тие можат да остават можност и владите што доаѓаат да го направат истиот чекор кога ќе дојде предлогот за ЗСО со извршни овластувања“, додаде Хаџиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот