Гвинет Палтроу и нејзиното најчудно шоу на планетата: „Sex, Love & Goop“ ја имаше својата премиера

гвинет палтроу
Фото: Принтскрин / Instagram

Актерката Гвинет Палтроу создаде ново телевизиско шоу, наречено „Sex, Love & Goop“ кое ја имаше својата премиера вчеравечер, во кое на доста необичен начин се допираат сексуалните и љубовните проблеми на пет двојки.

Во нејзиното ново Нетфликс шоу Палтроу се здружува со пет двојки кои се справуваат со ред проблеми, од брачни проблеми до минати сексуални трауми. Таа им помага да се вклучат во неочекувани или необични вежби и терапии кои треба да им помогнат да ги надминат нивните борби и повеќе се поврзат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Серијата премиерно почна да се прикажува на 21 октомври и уште од својата најава наиде на збунетост со нејзината загреана содржина.

Овој четврток Гвинет Палтроу се појави на црвен килим за премиерното прикажување на нејзиното ново шоу. И покрај тоа што типот на содржина за која се дискутира во серијата, сепак актерката се појави во поконвенционална варијанта на аутфит од плетен кардиган и макси здолниште на премиерата на нејзината ризична нова серија „Sex, Love & Goop“ на Нетфликс.

Серијата им дозволува на вклучените личности да бидат сексуално ранливи пред камера, во форма на реално шоу, што и покрај сите досегашни шоуа досега не е видено на камера.

„Сексот може да е фасцинирачки барометар за тоа колку сте искрени во својот живот. Сакам на сите да им дадам дозвола да бидат храбри и да се поврзат со себеси и да поставуваат откачени прашања“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by goop (@goop)

„Репресијата на сексуалноста и особено на женското задоволство веќе долго време е механизам за контрола. Јас сум адвокат за жените кои се слушаат себеси и стануваат блиски и интимни со себеси. Време е да ги корегираме тие насоки. Ако жена сака секс, не значи дека има нешто погрешно со неа!“, изјави Палтроу на премиерата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michaela Boehm (@micboehm77)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот