Гвардиола: Луѓето очекуваа дека со 0:5 ќе го победиме Лајпциг? Тоа не е реалност

фото: EPA-EFE/Filip Singer

Лајпциг и Манчестер сити одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Потсетување дека не важи повеќе правилото гол на гости, реваншот ќе се игра на 14 март на стадионот „Етихад“ по кој ќе се дознат патникот во четвртфиналната фаза.

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е свесен дека нема да биде лесно во овој двомеч против германскиот клуб. Тој е задоволен од настапот на неговите играчи во текот на целиот натпревар, не само во првото полувреме по кое водеа со 0:1.

Шпанецот воедно имаше мала расправија со новинарот на кој му даваше изјава по натпреварот на „Ред Бул“ Арената во Лајпциг.

– Што очекувавте? Дека играме тука пријателски натпревар? Колку натпревари на Лајпциг сте гледале? Ве молам. Значи, луѓето очекуваат да победиме со 0:4, 0:5? Тоа не е реалност. Се извинувам, но не сме во можност тоа да го направиме. Ова е натпреварување што во групната фаза многу важни тимови беа елиминирани, и тешко е. Ние сме добар тим што прави многу добри работи и ќе продолжиме тоа да го правиме – рече Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот