ВИДЕО: „Отпишаниот“ Лукаку му донесе триумф на Интер, Лајпциг избегна пораз, одлуката паѓа во Манчестер

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Се одиграа првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано и „Ред Бул“ Арената во Лајпциг. Лајпциг пред своите навивачи одигра нерешено 1:1 против Манчестер сити, па така патникот во следната фаза ќе се дознае на 14 март на стадионот „Етихад“.

Англичаните водеа од 27 минута со голот на Марез, а израмнија Германците преку Гвардиол во 70 минута.

Фудбалерите на Интер во финишот минимално го совладаа Порто на домашен терен со 1:0. Човек на одлука беше резервниот играч Лукаку кој влезе во игра од 58 минута како замена за Џеко.

Клучниот момент се случи во 86 минута, Барела одлично центрираше од десната страна, Лукаку шутираше со глава, ја погоди стативата, па се одби топката право во неговата нога, а на Белгиецот не му преостана ништо друго освен да ја затресе противничката мрежа.

Претходно од 78 минута Португалците останаа без еден играч на теренот поради вториот жолт картон на Отавио. Реваншот Порто – Интер е на 14 март на стадионот „Драгао“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот